недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гасперини е еден од кандидатите да го замени Пирло во Јувентус

Гасперини е еден од кандидатите да го замени Пирло во Јувентус

Јувентус може да го смени главниот тренер по завршување на сезоната. Еден од кандидатите да го замени Андреа Пирло е тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, објави „Calciomercato.it“.

Во последното коло од Серија А, Наполи, Милан и Јувентус ќе се борат за Лигата на шампионите. Јуве е надвор од зоната која носи учество во елитното натпреварување, заостанува еден бод зад овие два тима.

Исто така, се забележува дека еден од кандидатите за местото тренер на Јувентус е Џенаро Гатузо, кој најверојатно ќе го напушти Наполи на крајот на сезоната 2020/21.  (МИА)