понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гатузо: Им се извинувам и на навивачите

Гатузо: Им се извинувам и на навивачите

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, не го криеше разочарувањето од играта на неговите фудбалери, кои беа поразени на „Сан Сиро“ со 0:1 од најслабиот тим во Серија А, Беневенто.

Според Гатузо секое алиби е неиздржано, бидејќи и против најлошопласираниот тим не може да се игра без одлучност и без душа.

– Ги предупредив фудбалерите дека ќе имаме проблеми. Не можете да играте без одлучност и без душа. Ние практично го скокоткавме нашиот противник, не бевме воопшто опасни. Противникот дури и не мораше премногу да се потруди за да не победи, истакна тренерот на Милан.

Тој наведува дека ќе го анализираат натпреварот, но дека е јасно дека тимот оди надолу.

– Јас сум најодговорен за резултатите. Им се извинувам и на навивачите, бидејќи ние го носиме светиот дрес и не смееме да имаме вакви срамни натпревари. Јас не можам пред јавноста да зборувам невистини. Очигледно е дека одиме надолу, потенцира Гатузо.

Според него Милан е тим кој секогаш мора да оди на победа.