недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гатузо за Анчелоти: Имавме проблеми, но го почитувам како тренер и како личност

Гатузо за Анчелоти: Имавме проблеми, но го почитувам како тренер и како личност

Тренерот на Валенсија, Џенаро Гатузо, зборуваше за неговиот однос со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија.

– Имавме лични проблеми за кои не сакам да зборувам. Кога го тренирав Наполи, медиумите велеа дека се е во ред со тимот, но имаше проблеми. Анчелоти знае дека многу го почитувам. Имавме недоразбирања околу работата. Но, зборуваме за еден од најдобрите тренери во светот. Како личност и фудбалски стручњак имам голема почит кон него, изјави Гатузо на прес-конференција.

Анчелоти беше тренер на Наполи во сезоната 2018/19. По отказот, Гатузо се приклучи на клубот од Неапол.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија ќе се одигра на вечер во Ријад со почеток во 20 часот.