петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ГИ ПРОВОЦИРАШЕ СРБИТЕ СО ШАЛ ОД КОСОВО – пеколната казна ја доби по само неколку секунди, веќе нема да му текне на памет да направи вакво нешто (ВИДЕО)

ГИ ПРОВОЦИРАШЕ СРБИТЕ СО ШАЛ ОД КОСОВО – пеколната казна ја доби по само неколку секунди, веќе нема да му текне на памет да направи вакво нешто (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија направи огромен исчекор кон пласман на ЕП 2024 со синоќешната победа на домашен терен против Црна Гора (3-1), но утринава меѓу ударните вести на српските медиуми се најде досега невидена сцена од претходниот дуел на гости кај Унгарија (1-2) со провокација со шал на Косово.

На социјалните мрежи се појави видео од провокација како еден од навивачите на домашниот тим реши да ги испровоцира српските гледачи на „Пушкаш Арена“, по што не мина баш најдобро. Обезбедувањето веднаш изреагира, скокајќи врз повозрасниот човек за да му го земе шалот. Провокаторот се обиде да се одбрани, што доведе до физичка пресметка, па тој прво беше давен, потоа и падна по скалите, за на крајот да заврши во затвор.

На видеото се гледа и како други унгарски навивачи се вмешале по што настанал тотален хаос.