сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ГО ИМАМЕ ГОЛОТ НА ГОДИНАТА: Поранешната ѕвезда на Милан постигна мајсторски гол од половина терен (ВИДЕО)

Тој изведе слободен удар и со совршено прецизен удар го матираше Уругваецот Фернандо Муслера, кој тоа воопшто не го очекуваше. Може да се каже дека тој немаше ниту шанси да го фати овој удар, кој беше „ласерски“ прецизен.
ГО ИМАМЕ ГОЛОТ НА ГОДИНАТА: Поранешната ѕвезда на Милан постигна мајсторски гол од половина терен (ВИДЕО)

Иако недоволен за спасување од пораз, во судиското продолжение играчот од средниот ред на Трабзонспор, Словакот Јурај Куцка го постигна можеби голот на годината, гол од средината на теренот. Поточно, поранешниот фудбалер на Милан погоди од околу 50 метри.

Во дербито кое вчера се одигра во турската лига, Галатасарај го победи Трабзонспор со 2:1, победа со која успеа да остане на врвот во првенството. Важната победа за турскиот великан ја донесоа Софијан Фегули и Бафетимби Гомис во првото полувреме, но тие два потега вредни три бода не се тоа што беше најдоброто од овој натпревар.

Имено, во судиското продолжение Словакот Куцка успеа да даде гол од половина терен со што ги постави конечните 2:1 на овој натпревар.

Тој изведе слободен удар и со совршено прецизен удар го матираше Уругваецот Фернандо Муслера, кој тоа воопшто не го очекуваше. Може да се каже дека тој немаше ниту шанси да го фати овој удар, кој беше „ласерски“ прецизен.

Дури ниту домашните играчи и навивачи не можеа да останат рамнодушни после ваква мајсторија. Сепак, овој прекрасен гол не донесе ниту еден бод за тимот на Куцка.

После 27 коло од турското првенство, Галатасарај има 57 бода, еден повеќе од Башакшехир. Бешикташ има 53, додека Фенербахче со еден натпревар помалку има 48 бода.