сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Го прогонува Меси за слика, се чудат кој го пуштил на теренот – Турчинот Salt Bae хит на Твитер по финалниот натпревар во Катар (ВИДЕО)

Го прогонува Меси за слика, се чудат кој го пуштил на теренот – Турчинот Salt Bae хит на Твитер по финалниот натпревар во Катар (ВИДЕО)

„Очигледно Меси е имун на Salt Bae и знае дека е измамник“ – коментираат дел од твитерџиите откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од готвачот како ги прогонува играчите на Аргентина и се фотографира со трофејот. Сите се прашуваат кој му дозволил да се симне на теренот.

Непосредно по завршувањето на финалето на Светското првенство во фудбал во Катар сите беа сконцентрирани на случувањата помеѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и Килијан Мбапе, кој се обидуваше да го избегне.

Денес додека во Аргентина се слави победата за освоениот трофеј, Твитер е преплавен со фотографии и видеа со турскиот готвач Salt Bae кој по натпреварот очајно им се наметнуваше на играчите на Аргентина и се обидуваше да се фотографира со нив.

Видеото на кое Salt Bae го прогонува Лионел Меси стана хит на Твитер, а на него се гледа како готвачот го влече Аргентинецот за рака и го моли за да се сликаат, а фудбалерот двапати му вели: „не“.

Твитерџиите се збунети зошто воопшто на 39-годишниот Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae му било дозволено да се симне на теренот по завршувањето на натпреварот.

„Дури и Меси знае дека Salt Bae е измамник“ – стои во еден од твитовите.

По сè изгледа упорноста му се исплати затоа што на крај објави кратко видео на Инстаграм Стори, каде се гледа дека успеал да се фотографира со најдобриот играч во светот.

Освен што се обидуваше да се фотографира со Меси, на Твитер масовно се шират фотографии на кои се гледа како тој го држи во раце трофејот на Аргентинците и им се „потпикува“ на другите играчи од победничкиот тим, па со прстенот го удри и трофејот.

Според правилата на ФИФА, постојат само мал број луѓе на кои им е дозволено да го држат трофејот, а познатиот готвач најверојатно го искористил своето пријателство со претстедателот на Федерацијата Џани Инфантино за да се симне на теренот.

Дали присуството на готвачот на теренот ќе предизвика скандал за претседателот на федерацијата, останува да видиме.