Италијанскиот фудбалски тим Милан на крајот од оваа сезона би можел да остане без еден од клучните играчи. Станува збор за Рафаел Леао кој што е цел на Евертон.
Португалецот има договор до 2024 година, а моменталната врендост му е 35 милиони евра, но од Милан ќе бараат повеќе пари доколку има заинтересирани страни.
Покрај Евертон, од Премиерлигата има интерес и од Вулверхемптон, кој е познат по ангажманот на играчи од Португалија.
Оваа сезона Леао во Милан одигра 27 натпревари и постигна десет гола и забележа шест асистенции.