петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Голема трагедија во Бразил: Убиен фудбалски навивач

Голема трагедија во Бразил: Убиен фудбалски навивач

Едно лице е застрелано во судир меѓу навивачи во бразилскиот град Бело Хоризонте, неколку часа пред вчерашното дерби меѓу Крузеиро и Атлетико Минеиро.

Жртвата, како што јавија денеска локалните медиуми, е 25-годишен маж, кој бил застрелан во пределот на стомакот и починал во локалната болница.

Случаен минувач, кој во време на навивачката пресметка се нашол на местото на инцидентот, е ранет во рамото и неговото здравствена состојба се проценува како „стабилна“, соопшти полицијата.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од инцидентот на кои можат да се видат педесетина хулигани, кои се судриле во реонот Бела Виста, источно од Бело Хирозонте, град со 2.5 милиони жители, во сојузната држава Минас Жераис.

Причинетата е и материјална штета на околните згради, а оштетени се и повеќе автомобили.

Пред три недели беше убиен навивач во Сао Паоло во физичка пресметка во близина на клупскиот стадион на Палмеирас, каде навивачите се собраа за на видеобим да го следат финалето на Светското клупско првенство. (МИА)