вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Големо признание: Избрани топ 10 головите во Лигата на Европа, два од нив постигнати од вардарци (ВИДЕО)

Големо признание: Избрани топ 10 головите во Лигата на Европа, два од нив постигнати од вардарци (ВИДЕО)

Вардар оваа сезона успеа да ја испише историјата на македонскиот фудбал пласирајќи се во групите во Лигата на Европа, што беше прв ваков успех за еден македонски клуб. Додека пак состојбата беше дијаметрално спротивна во првенството, ако летниот период ќе се памети по успехот на Вардар, на домашна сцена имаа може да се каже катастрофална сезона и моментално се 32 бода зад Шкендија.

Вардар можеби во групната фаза не успеа да направи некое чудо, но двајца играчи добија индивидуални признанија. Избрани се најубавите 10 гола во Лигата на Европа, а два од нив се постигнати од фудбалери на Вардар.

Стрелец на еден од головите беше Хуан Фелипе, а воедно тоа беше и првиот гол на Вардар во групната фаза, постигнат во поразот на гостувањето кај Розенборг од 3:1. Тогаш магичната нога на Бразилецот постигна гол се еден брилијантен лоб.

Вториот е на Дејан Блажевски, во последните мигови од гостувањето кај Зенит, кога Вардар загуби со 1-2. По еден корнер, Блажевски ја дочека топката на волеј и молскавично ја смести во долниот лев агол на домашниот голман.

Најубавиот гол му припадна на Дмитри Паје, постигнат неодамна, во четвртфиналето против Лајпциг, кога Марсеј победи со 5-2.