недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гонсалвеш прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите

Гонсалвеш прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите

Фудбалерот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Педро Гонсалвеш е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите, објави веб-страницата на УЕФА.

Дваесет и тригодишниот фудбалер вчеравечер постигна два гола против Борусија Дортмунд во триумфот со 3:1. По оваа победа Спортинг за прв пат по 2008 година избори пласман во плејофот во Лигата на шампионите.

За наградата конкурираа уште и: Един Џеко од Интер, Емил Форсберг од Лајпциг и Себастијан Але од Ајакс. (МИА)