недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо се враќа ли во Спортинг?

Роналдо се враќа ли во Спортинг?

Кристијано Роналдо не е со Манчестер јунајтед во предсезоната.

Најдобриот португалски фудбалер на сите времиња веќе подолго време е во Лисабон и се појави слика од неговиот автомобил на стадионот „Жозе Алвеладе“ во португалската престолнина, доволно за да ги разбуди фантазиите на навивачите на Спортинг дека можеби ќе се врати во својот матичен клуб.

Враќањето во Спортинг до пред еден месец беше незамисливо, ама португалските медиуми посочуваат дека се повеќе кружат гласини дека сега опцијата за доаѓање е многу веројатна.