сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Горан Пандев: За Мурињо хемијата во тимот беше света работа

Горан Пандев: За Мурињо хемијата во тимот беше света работа

Пред точно 11 години, македонскиот фудбалер Горан Пандев ја освои титулата во Лигата на шампионите, носејќи го дресот на Интер. Тоа е најголемиот успех во кариерата на македонската фудбалска легенда. Негов предводник таа сезона беше Жозе Мурињо. Португалецот му даваше голема минутажа на македонскиот репрезентативец, кој одигра клучна улога на патот до пехарот во Мадрид.

„Бев со него 5-6 месеци, тој е фантастична личност, која ви зборува јасно, која ви кажува сè во лице. Од внатре тој е друга личност во споредба со надворешноста која ја прикажува на тренинзите и натпреварите. Дури и играчите кои играа помалку во Интер го сакаа и тоа беше неверојатна работа затоа што знаете кога не играте, секогаш е виновен тренерот. Правилата на групата се света работа, бидејќи според него хемијата во тимот е од фундаментално значење. Секогаш се потпира на поискусни луѓе, на луѓе кои биле дел од фудбалската игра многу години“, раскажа Пандев.