Репрезентацијата на Австралија дојде до билет за осминафиналето на Светското првенство и тоа откако ја победи Данска со 1-0 со погодокот на Леки.
Ова за избраниците на Арнолд беше втора победа на шампионатот и со вкупно 6 бода ја освоија втората позиција на табелата што значи во првата нокаут рунда ќе играат со првопласираниот од групата Ц во која се Полска, Аргентина, Саудиска Арабија и Мексико.
Вистинско лудило е во земјата на „кенгурите“, а најдобар доказ за тоа се овие сцени кои се снимени во 3:30 часот по локално време, односно во раните утрински часови.
3:30am. Football is unmatched. pic.twitter.com/eztREyLEDi https://t.co/iYqNVv5mQ5
— EuroFoot (@eurofootcom) November 30, 2022