Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го назначи денеска Бобан Грнчаров за долгорочно решение на тренерското место и со него на клупата ќе ја стартува својата втора второлигашка сезона.
Грнчаров во април беше назначен за вршител на должноста тренер, а под негово водство Вардар заврши третопласиран во Втората лига – запад и не успеа да се врати во прволигашкото друштво.
Помошници на клупата на поранешниот капитен на Вардар ќе бидат Златко Таневски и Един Нурединовски, додека должноста спортски директор на „црвено – црните“ и во следни три години ќе ја извршува Александар Бајевски.