Тренерот на Манчестер сити синоќа со својот тим го освои Суперкупот на УЕФА, откако во Атина ја победи Севилја на пенали со 5:4.
За шпанскиот фудбалски стручњак ова е четврти трофеј во ова натпреварување израмнувајќи се со рекордерот на Карло Анчелоти.
Двајцата тренери никогаш не загубиле финале на УЕФА Суперкупот. Гвардиола победи со Барселона во 2009 и 2011 година, со Баерн во 2013 година и со Манчестер сити во 2023 година. Анчелоти со Милан во 2003 и 2007 година и со Реал Мадрид во 2014 и 2022 година.
Манчестер сити го освои Суперкупот на УЕФА за прв пат во историјата.