четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Се знае кој е најдобриот на сите времиња

Гвардиола: Се знае кој е најдобриот на сите времиња

Шпанскиот фубалски стратег Пеп Гвардиола не остана имун на прашања поврзани за Светското првенство во Катар и даде јасен одговор кога му беше поставено прашање за Меси.

Прес-конференцијата на менаџерот на Манчестер Сити донесе одговор кој можеше да се очекува, иако Пеп нагласи дека ова мислење го имал уште пред Лео да ја освои светската титула во Катар.

– Секој човек има свое мислење и стои зад него, но јас немам никаков сомнеж. Немам дилеми дека Меси е најдобар играч на сите времиња.Луѓето кои своевремено можеле да ги гледаат Пеле, Ди Стефано и Марадона сметам дека се малку емотивно приврзани за минатото време и за нивните имиња, но јас сметам дека никој не може да го направи тоа што го направи Меси. Не дека го променив моето мислење поради тоа што ја освои светската титула. Ова го мислев и претходно. Оваа титула за мене е како јаготка на шлагот за една неверојатна фудбалска кариера, – порача Пеп.