четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Сити треба да ги победи сите преостанати натпревари за да ја освои титулата

Гвардиола: Сити треба да ги победи сите преостанати натпревари за да ја освои титулата

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, зборуваше за трката за титулата откако синоќа го совлада Брајтон (3:0) во 30. коло од шампионатот на Англија.

– Се чувствуваме како сега математички да сме во Лигата на шампионите. Можеби луѓето велат дека е во ред, но не е. Погледнете ги само неверојатните тимови кои се борат за влез во европските натпреварувања. Сега, што се однесува до Премиер лигата, ако загубиме само два бода, Ливерпул ќе стане шампион. Ако ги добиеме сите натпревари, ние ќе станеме шампиони. Играчите го знаат ова. Знаеме какви тешки натпревари ни претстојат, па мора да се обидеме. Треба да играме како денес и да победуваме на секој натпревар. Ако го направиме ова, ќе славиме, ако не, тогаш ќе му честитаме на Ливерпул, изјави Гвардиола, за Би-би-си.

Манчестер сити е лидер во Премиер лигата со 77 бодови, Ливерпул е втор со 76. Ова се двете екипи кои се борат за шампионскиот трофеј. До крајот на првенството остануваат уште шест кола.