Напаѓачот на Манчестер сити, Хулијан Алварез, откри во интервју за ЕСПН детали од тренинг на премиерлигашот и порача дека клупскиот тренер Пеп Гвардиола верува оти Аргентина има најголеми шанси за титулата на претстојното Светско првенство во Катар.
-Родри со Португалците се расправаше кој би можел да го освои Светското првенство. Јас само молчев. Ги набројуваа Португалија, Франција и некои други репрезентации, а потоа дојде Гвардиола и праша: Знаете ли кој има најголеми шанси? Потоа покажа со прстот кон мене, рече Алварез.
Младиот аргентински фудбалер дојде на почетокот на годинава во Манчестер сити од Ривер Плата за сума од 21.4 милиони евра. (МИА)