понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хајнкес незадоволен од играта и покрај победата на Баерн

Хајнкес незадоволен од играта и покрај победата на Баерн

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес не беше многу расположен по синоќешниот дуел со Севиља и покрај победата на неговиот тим со 2:1 на првиот дуел од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

– Победивме и тоа е добро. Имавме и среќа, а во наш прилог е брзото изедначување, откако домаќинот прв дојде во водство. Севиља беше подобар противник во првиот дел, ние во второто полувреме. Сепак, за да се освои Лигата на шампионите треба да се игра многу подобро.

Баерн по водство на Хајнкес ја постигна 12 победа по ред во елитното фудбалско натпреварување.

МИА