сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Халанд фудбалер на годината во Премиерлигата

Халанд фудбалер на годината во Премиерлигата

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е прогласен за играч на годината во избор на англиското Здружение на професионални фудбалери (ПФА).

Халанд (23) ја освои наградата по својата дебитантска сезона во англиското првенство во кое собори бројни рекорди, а со Манчестер сити ја освои шампионската титула.

Норвешкиот напаѓач постигна 36 голови на 35 првенствени натпревари, соборувајќи го претходниот рекорд од 34 голови во една сезона кои речиси три децении беше во сопственост на Енди Кол и Алан Ширер

Халанд ја освои наградата на ПФА пред клупските колеги Кевин Де Брујн и Џон Стоунс, како и тандемот од Арсенал, Мартин Одегард и Букајо Сака.

Норвежанецот со тоа стана првиот странски фудбалер по Холанѓанецот Руд ван Нистелрој кој ја освои наградата во својата дебитантска сезоната во Премиер лигата во 2001/02.