четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Холандија ја совлада Австрија и завери пласман во осминафиналето

Холандија ја совлада Австрија и завери пласман во осминафиналето

Фудбалската репрезентација на Холандија одигра уште еден одличен натпревар и сосема заслужено славеше со 2:0 против селекцијата на Австрија.

Победата на Холандија ја донесоа Мемфис Депај кој погоди од белата точка, како и Дензел Дамфрис кој стави точка на натпреварот во 67. минута.

Со оваа победа Холандија освен што обебеди пласман во осминафиналето го обезбеди и првото место во групата, па се очекува против Македонија да одигра со играчите кои не добиваа многу шанса во овие две кола.