сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хорор во Германија: Обид за атентат на познат фудбалер

Хорор во Германија: Обид за атентат на познат фудбалер

Германскиот фудбалер со турско потекло Дениз Наки преживеал вистински пекол вчера.

Кон неговиот автомобил биле испукани неколку куршуми, а нападот се случил во близина на неговото родно место Дирен.

Како што изјавил фудбалерот, кон него било пукано од црн камион. Два курпуми го погодиле автомобилот, но фудбалерот не е повреден.

-Се плашам за својот живот. Еден куршум помина низ прозорецот, а вториот ја погоди гумата. За среќа, јас не сум повреден. Јас сум подвижна мера во Турција поради мои прокурдски ставови. Знаев дека такво нешто може да ми се случи, но не мислев дека може во Германија, изјавил Наки за германските медиуми

Поранешниот фудбалер на Сент Паули и Падерборн во моментов игра за турскиот третолигаш Амед.