четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Хулијан Алварес го продолжи договорот со Сити до 2028 година

Хулијан Алварес го продолжи договорот со Сити до 2028 година

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварес кој е прва резерва за Ерлинг Халанд, го продолжи договорот со Манчестер сити до летото 2028 година.

Алварес летоска дојде во Сити од Ривер Плејт, а во дресот на Граѓаните има дадено 10 голови на 33 настапи во сите натпреварувања.

Во клубот веруваат дека Алварес може многу да им помогне особено во иднина, па решија да го „врзат“ до 2028 година.