недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Хусем Оар е нов играч на Рома

Хусем Оар е нов играч на Рома

Поранешниот француски репрезентативец Хусем Оар кој важеше за еден од најталентираните играчи за врска на „триколорите“ денес потпиша договор со Рома со важност до 2025.

Оар кој има 24 години во Рим пристигнува од Лион како слободен играч. Неколку клубови се обидуваа да го ангажираат, но на крајот во трката победи тимот на Жозе Мурињо.

„Навистина сум среќен што потпишав за Рома, доаѓам во голем клуб со огромна историја. Мислам дека Рома е вистинскиот потег во мојата кариера, тука видов одличен проект со квалитетни играчи и уникатни навивачи“, изјави Оар.

За првиот тим на Лион Оар дебитираше во 2017 година и од тогаш одигра 179 натпревари постигнувајќи 30 гола со уште 24 асистенции. Во новата сезона тој ќе го носи дресот со број 22.