сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

И Лука Модриќ ќе замине во Саудиска Арабија?

И Лука Модриќ ќе замине во Саудиска Арабија?

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ исто така добил понуда од Саудиска Арабија вредна 120 милиони евра за три години. Тој може да биде вториот играч од „кралскиот клуб“, заедно со Карим Бензема, кој ќе замине на Блискиот Исток. На двајцата ветерани им истекува договорот на „Сантијаго Бернабеу“.

37-годишниот Модриќ е во Реал Мадрид од летото 2012 година. За клубот одигра 487 натпревари, постигнувајќи 37 гола и 77 асистенции.

Хрватот со Реал Мадрид петпати ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, освои четири трофеи во Суперкупот на Шпанија и во Суперкупот на УЕФА, има три титули во Ла Лига и два пехари во Купот на Шпанија.

Во 2018 година, Лука Модриќ ја доби „Златната топка“ и беше избран за најдобар играч на годината на ФИФА.