недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ибрахимовиќ против Интер ќе брка соборување два нови рекорди

Ибрахимовиќ против Интер ќе брка соборување два нови рекорди

Голгетерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, ќе мора да го почека градското дерби против Интер закажано за идната недела за да собори два нови рекорди, откако актуелниот лидер во Серија А неочекувано загуби вчера на гостувањето кај Специја со 2:0.

Триесетидеветгодишниот Ибрахимовиќ, кој досега сезонава има постигнато 14 погодоци, е на еден гол од соборување на рекордот на Силвио Пиола од сезоната 1951/52 за највозрасен фудбалер со постигнати 15 голови во една сезона во Серија А.

Следниот пат кога ќе се запише во листата на стрелци, Ибрахимовиќ, исто така, ќе стане првиот фудбалер во 21 век, кој постигнал гол против 80 различни екипи од Топ 5 првенствата во Европа.

Специја в саботата беше вкупно 99 екипа од петте најсилни европски лиги против која играл Ибрахимовиќ како член на Милан, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед.