Илкај Гунгдоан по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити. Договорот на играчот од средниот ред со „граѓаните“ истекува следната година, но клубот не е подготвен да го задржи и следната сезона, поради што му беше кажано дека е слободен да ја промени средината ова лето, вака барем пренесуваат англиските медиуми.
Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но би можел да се врати во германската Бундес лига. Гундоан пристигна во Манчестер Сити во 2016 година од Борусија Дортмунд, а трансферот изнесуваше 27.000.000 евра.