сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Инсиње: Одлично е што му се доближивме на Јувентус, но главниот меч за Наполи допрва престои

Инсиње: Одлично е што му се доближивме на Јувентус, но главниот меч за Наполи допрва престои

Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње е задоволен од победата над Удинезе (4:2) по која е намалена разликата на лидерот Јувентус на четири бода.

Овие две екипи ќе се сретнат во следната рунда, во меч кој може да го реши првенството.

– Добро е што стигнавме до Јувентус  на четири бода, но се уште не сме направиле многу. Се радуваме на овој успех, ама и почнеме да се подготвуваме за дербито со Јувентус. Овој натпревар може и да биде одлучувачки во борбата за шампионатот.

Наполи е втор во Серија А со четири бода заостанување зад лидерот Јувентус.