четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер договори одлично засилување за наредната сезона

Интер договори одлично засилување за наредната сезона

Италијанскиот вицешампион Интер заврши одличен трансфер. Во клубот пристигнува ерменскиот фудбалер Хенрих Мхитарјан (33), кој ги договорил сите услови за преселба во Интер.

Искусниот 33-годишен Ерменец ја одби понудата на Рома за продолжување на соработката. Тој по три години минати во клубот реши да си замине и како слободен играч ќе ги засили Нероаѕурите.