Чилеанскиот репрезентативец во редовите на Интер, Артуро Видал, утре ќе биде опериран поради повреда на левото колено, соопшти актуелниот лидер во Серија А.
Италијанските медиуми пренесуваат дека операцијата на менискусот на коленото ќе го оддалечи Видал од теренот околу еден месец.
Видал дојде во Интер минатото лето од Барселона и во 30 настапи за екипата од Милано досега постигна два гола.