Фудбалерот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали, ќе му се придружи на Интер, пишува „Ла Газета дело Спорт“.
Миланскиот клуб се согласи да го изнајми 20-годишниот фудбалер со обврска за откуп во 2021 година. Износот на трансферот ќе изнесува 35 милиони евра.
Италијанецот ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона во Интер. Неговиот договор со „неро-азурите“ ќе важи до јуни 2024 година.
Во последната сезона, Тонали одигра 34 натпревари за Бреша, постигна еден гол и направи седум асистенции.