петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер нема да зборува за трансфери пред крајот на сезоната

Од новинарите го запрашаа за шпекулациите околу Рафиња и Жоао Кансело, но тој одби да коментира.
Интер нема да зборува за трансфери пред крајот на сезоната

Спортскиот директор на Интер, Пиеро Аусилио, не сакаше да коментира за трансферната политика на клубот пред 31-виот круг на Серија А со Торино.

„Неразурите“ гостуваат кај „биковите“ денес и ќе бараат задолжителна победа во нивната борба за обезбедување место во Лигата на Шампионите следната сезона.

– Имаме многу тешки натпревари пред крајот на сезоната. Само со победи ќе можеме да се квалификуваме за Лигата на шампионите. Имам доверба во Лучано Спалети. Нормално е да има подеми и падови, но успеавме да закрепнеме во време на криза, изјави Аусилио.

Од новинарите го запрашаа за шпекулациите околу Рафиња и Жоао Кансело, но тој одби да коментира.

– Ние ветивме дека нема да зборуваме за трансфери до 20-ти мај. Ние нема да коментираме за дојдовни или заминувачки трансфери. Ќе видиме што можеме да направиме пред Светското првенство во 2018 година, рече директорот на Интер за „Премиум Спорт“.