Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер е подготвен да понуди 10 милиони евра за играчот од средниот ред на Тотенхем Кристијан Ериксен, пренесува веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио.
Според изворот кој е добар познавач на италијанскиот фудбал, англискиот клуб сака да добие 20 милиони евра за 27-годишниот Данец.
Самиот фудбалер се согласи да замине во Интер. Неговата плата ќе биде околу 10 милиони евра годишно.
Оваа сезона, Ериксен настапи на 18 натпревари во Премиер лигата, постигна два гола и оствари две асистенции. На пет натпревари од Лигата на шампионите тој постигна гол и асистенција. Неговиот договор со Тотенхем има важност до летото 2020 година.