недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер преку Баер обезбеди полуфинале во ЛЕ!

Интер преку Баер обезбеди полуфинале во ЛЕ!

Фудбалерите на Интер обезбедија пласман во полуфиналето на Лига Европа.

Интер и Баер ги одмерија силите во Диселдорф, а во еден квалитетен натпревар италијанскиот претставник на крајот победи и дојде на чекор до финале.

Возбудувањата започнаа после 15 минути мирен период. Барела со ефектен удар го матираше голманот на Баер за 1:0, а веќе во 21. минута беше 2:0.

Ромелу Лукаку падна пред голот на Фармацефтите, но некако успеа да ја зафати топката и да ја испрати во мрежата. Возбудувањата продолжија и во 21. минута кога Баер намали на 2:1 со голот на својот најдобар играч Хаверц.

Само минута подоцна беше досуден пенал, но после консултација со ВАР беше донесена одлука дека не постојат елементи за најстрога казна и Интер остана без прилика за 3:1.

Иако и во продолжение на натпреварот имаше добри шанси, мрежите не беа затресени.