Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен е на чекор од трансферот во Интер. По многу преговори, „Нероазурите“ се договорија со Спарси за надоместокот за трансфер на Данецот. Тој е вреден е 20 милиони евра, заедно со бонусите, изјави новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Шира на Твитер.
Играчот од средниот ред се очекува да потпише договор до летото 2024 година. Неговата плата во Интер ќе биде 10 милиони евра по сезона.
Ериксен е фудбалер на Тотенхем од летото 2013 година. Во досегашната кампања, Данецот има 3 гола и 3 асистенции на 27 натпревари од сите турнири.
Неговиот актуелен договор со лондонскиот клуб истекува во текот на летото и тој не сакаше да го продолжи.