вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер се ослободува од Алексис Санчез, Англија следна дестинација

Интер се ослободува од Алексис Санчез, Англија следна дестинација

Фудбалерот на Интер Алексис Санчез би можел да се врати во Англија, каде што играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Евертон во моментот  е заинтересиран за 33-годишниот чилеански репрезентативец.

Според англиските медиуми, Интер им понудил на „Карамелите“ да го земат Алексис без да платат обештетување  со цел да се ослободи од високата плата на напаѓачот.

Санчез е во Интер од 2020 година и има договор до 2023 година, но клубот сака да се раздели со него сега.