петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер со гол на Пандев го најави враќањето во Лигата на шампионите

Интер со гол на Пандев го најави враќањето во Лигата на шампионите

Трикратниот европски првак Интер по шест години пауза повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

Миланскиот гигант ја освои европската титула во 2010 година под раководство на тренерот Жозе Мурињо на клупата и со капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев во стартниот тим.

Интер европската круна ја обезбеди со победа над Баерн Минхен од 2:0, а потоа настапи уште две сезони во елитното натпреварување.

Италијанскиот клуб враќањето во Лигата на шампионите го најави со гол на Пандев од сезоната 2010/2011, кога во осминафиналето Интер го елиминираше Баерн Минхен поради повеќе голови постигнати на гости. По поразот на домашен терен од 0:1, во реваншот победи Интер со 2:3 на „Алијанц Арена”, а еден од стрелците беше токму македонскиот репрезентативец.

– Назад во Лигата на шампионите! Пандев против Баерн Минхен. Какво враќање, беше објавено на фејсбук профилот на миланскиот клуб.

Интер сезонава се наоѓа во групата Б заедно со Барселона, ПСВ Ајндховен и Тотенхем. (МИА)