Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани може да ја продолжи кариерата во Италија.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Интер започнал преговори со агентот на 33-годишниот Уругваец.
„Неро-азурите“ се активираа околу прашањето за трансферот на Кавани, бидејќи другата цел на клубот, напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, се согласи да го продолжи договорот со неаполитанците.
Договорот на Кавани со ПСЖ истекува ова лето.