недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Интер во преговори со поранешен напаѓач на Реал Мадрид и Јувентус

Интер во преговори со поранешен напаѓач на Реал Мадрид и Јувентус

Италијанскиот фудбалски клуб Интер сака да доведе уште еден напаѓач во овој преоден рок, па откако реши да се откаже од Ромелу Лукаку сега своето внимание го насочува кон други трансфер цели.

Медиумите извадија неколку имиња со тоа што сега „Спортиталија“ излезе со конретна информација, па дури и понуда на Интер за некогашниот голгетер на Реал Мадрид и Јувентус.

Се работи за Алваро Мората кој сега е дел од Атлетико Мадрид и за кого европскиот вицешампион е подготвен да плати 15 милиони евра.

Тоа е пет милиони евра помалку од тоа што се бара за Шпанецот за кого дел од медиумите пренесуваат дека има и откупна клаузула која се движи околу 20 милиони евра.