сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Инзаги: Бевме одлични, но ни треба уште една одлична партија

Инзаги: Бевме одлични, но ни треба уште една одлична партија

Тренерот на Интер Симоне Инзаги беше задоволен, но истакна дека победата не го изненадила, бидејќи и во тој период тимот играл добро.

„Се надевав на овој настап, бидејќи тимот играше добро, создаваше многу шанси, без разлика што не победуваше. Момците одиграа одлично против многу силен тим и на тешко гостување, на стадион на кој има неверојатна атмосфера.Сепак, знаеме дека ова е само прв натпревар и Бенфика веќе оваа сезона покажа дека може да игра добро секаде и против секого. Ни треба уште една одлична партија за да се пласираме во полуфиналето“, изјави Инзаги.

Интер уште не примил гол во нокаут фазата и пет полувремиња е помудар во дуелите со најдобрите португалски екипи.