Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е разочаран по поразот од Болоња (1:2) синоќа во дуел од Серија А.
– Се разбира, се чувствува горчина, ова е нормално. Ние веќе не сме господари на нашата судбина, треба да следиме што прави Милан и да се обидеме да победиме на сите четири преостанати натпревари. Поведовме, требаше да постигнеме повеќе, но наместо тоа му дозволивме на Арнаутовиќ да ни даде гол. Имавме добро прво полувреме, освен оваа грешка. Имаше многу шанси, заслуживме втор гол. По паузата постапивме пребрзо и плативме за тоа. Ова е тежок удар, но не губиме надеж. Секој натпревар ќе биде тежок, но разликата од два бода во однос на четири натпревари може да се надомести, изјави Инзаги за „Sky Sport Italia“.
По 34 кола во Италијанското фудбалско првенство, Милан е лидер на табелата со 74 бодови, Интер е втор со 72, Наполи е трет со 67, Јувентус ја заокружува четворката со 66 бодови.