среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Инзаги за ремито со Порто: Игравме брилијантно

Инзаги за ремито со Порто: Игравме брилијантно

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, на изненадување на многумина како брилијантна ја оцени играта со Порто синоќа на гостински терен во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Натпреварот заврши нерешено 0:0, а Интер се спасуваше од пораз во повеќе наврати. Домаќините немаа среќа. Тие имаа неколку убаво шанси за гол, а во судиското надополнување три пати ја погодија рамката на голот на Интер.

Поради победата со 1:0 на првиот натпревар Интер оди во четвртфиналето.

– Одигравме брилијантно. Играчите делуваа тимски и приредија неверојатен натпревар. Имавме одлично прво полувреме и сите заедно се боревме до крајот. Чест и пофалби за овој тим! – го цитира прес-службата на УЕФА, Инзаги.

Противникот на „нероазурите“ во следната фаза ќе биде одреден со ждрепката која ќе се одржи на 17 март.