Истанбул годинава ја загуби организацијата на финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), и тоа втора година по ред поради ковид-19, но Европската куќа на фудбалот (УЕФА) сега официјално потврди дека турскиот град ќе го организира големиот настан во 2023 година.
Оваа информација ја најави турскиот министер за млади и спорт, Мехмет Касапоглу уште на 30 мај, но дури сега УЕФА реши официјално да ја потврди преку нивниот профил на Инстаграм.
Тоа значи дека Минхен ќе биде организатор во 2025 година.
Следната година финалето се игра во Санкт Петербург, додека во 2024 година Лондон ќе биде домаќин на големиот спетакл.