Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2023 година.
Според новинарот Николо Шира, ваква одлука ќе биде донесена по завршувањето на финалето во тековната сезона кое беше преместено во Порто од Истанбул поради тешката состојба со коронавирусот во Турција.
УЕФА има донесена одлука финалето на Лигата на шампионите во 2023 година да се игра во Минхен.
Манчестер сити и Челси ќе се соочат во финалето во Лигата на шампионите 2020/21. Натпреварот ќе се одржи на 29 мај на „Драгао“ во Порто.