четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Историјат: Македонија знае како со Малта, така нека биде и вечерва! (ВИДЕО)

Историјат: Македонија знае како со Малта, така нека биде и вечерва! (ВИДЕО)

Вечерва на Националниот стадион на Малта од 20:45 часот, нашата најдобра репрезентација ќе оди на победа против домашната селекција во меч од групата – Ц во квалификациите за ЕВРО.

Кога сме кај минатото, тогаш традицијата апсолутно е на наша страна. Македонија знае како со Малта, па така нека биде и вечерва. На минатите седум средби имаме шест победи и само едно реми, без пораз, со гол разлика 17:3, навистина импресивно.

На последниот меч во Скопје во март оваа година, со головите на Елмас и Чурлинов, Македонија победи со 2:1 и го освои трите бода во нашата група.

Инаку од овие седум меча дури четири се пријателски. Се започна во таа 1996 година, кога на 27 март дома ја победивме Малта со 1:0.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ СО МАЛТА

27.03.1996: Македонија – Малта 1:0

27.11.1996: Малта – Македонија 0:2

06.09.1998: Македонија – Малта 4:0

18.11.1998: Малта – Македонија 1:2

21.08.2002: Македонија – Малта 5:0

11.08.2010: Малта – Македонија 1:1

23.03.2023: Македонија – Малта 2:1

 

извор: sportsport.mk