недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија погреши што реши да игра на „Ренцо Барбера“, таму Трајковски си има свое место за голови (ВИДЕО)

Италија погреши што реши да игра на „Ренцо Барбера“, таму Трајковски си има свое место за голови (ВИДЕО)

Дека голот на Александар Трајковски против Италија не е случаен, стои фактот дека на истиот стадион тој има дадено неколку голови од таа позиција.

„Ренцо Барбера“ е како домашен стадион на Александар Трајковски, тој таму помина четири сезони во дресот на Палермо.

Се појави видео во кое се гледа дека Трајковски има дадено неколку голови за Палермо од слична позиција на која им даде гол на Италијаните.

Нашиот фудбалер си имал свое место на стадионот од каде дава голови.