вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Италија се пласира во големото финале на ЕУРО 2020

Италија се пласира во големото финале на ЕУРО 2020

Првото полуфинале на ЕУРО на Вембли го одиграа репрезентациите на Италија и Шпанија. По 90 минути беше 1:1, во продолженијата мрежите мируваа, додека  Италијанците победија по подоброто изведување на пенали.

Во регуларниот дел беше 1:1. Киеза во 60. минута донесе водство за Италија со убав гол. Но, по прекрасната акција Мотрата израмни и донесе продолженија.

Двете селекции направија неколку измени со што се наруши концепцијата, а профитираа Шпанците. Во продолженијата остана истиот резултат што се премина на изведување на пенали. А, таму Шпанија промаши два прнали, а Италија само еден и отиде во финалето.

Италија во финалето за противник ќе го има победникот од мечот помеѓу Англија и Данска.