Италија ќе гостува на 9 септември во Скопје во рамки на евроквалификациите со нов селектор, откако предводникот на актуелниот европски првак Роберто Манчини поднесе оставка, објави попладнево италијанската фудбалска Федерација (ФИГЦ).
„Со ова се заокружува една значајна страница во историјата на Азурите, која почна во мај 2018 и заврши со финалето на годинешното издание на Лигата на нации. Во тој период, дојде освојувањето на ЕУРО2022, триумф остварен од група во која сите индивидуи научија како да станат тим“, соопшти ФИГЦ.
Во соопштението се прецизира дека новиот селектор, под чие водство Италија ќе ги продолжи квалификациите за ЕУРО2024, ќе биде објавен „во следните денови“.
Италија под водство на Манчини ја освои европската титула во 2020 година, но не успеа да обезбеди пласман на ланскиот Мундијал во Катар, откако во полуфиналето од баражот загуби од македонската репрезентација со 1-0 во Палермо.
Двете репрезентации ќе се сретнат на 9 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на квалификациската група Ц во која три денови подоцна Италија ќе ја пречека Украина во Милано.