вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Иван Перишиќ се враќа во Италија

Иван Перишиќ се враќа во Италија

Хрватскиот репрезентативец и член на Тотенхем, Иван Перишиќ, сака по секоја цена да се врати во Италија и тоа не било каде, туку во Италија.

Хрватот минатата сезона се пресели од Интер во Тотенхем, но неговата етапа во Лондон по сè изгlеда ќе заврши само после една измината година.

Перишиќ е незадоволен од статусот во екипата, а англиските медиуми објавуваат дека тој сигурно нема да биде во плановите на менаџерот кој ќе го преземе лондонскиот клуб следната сезона. Одличниот фудбалер веќе има полни 34 години и изјавил дека многу би сакал да се врати токму во Интер, каде со голем успех настапуваше седум сезони.