Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ одлучи да не ја прифати понудата од Интер и да побара нов предизвик.
Перишиќ во следната сезона ќе игра во Тотнем под водство на својот поранешен тренер, Антонио Конте.
Токму Конте бил пресуден за оваа зделка, тој побарал од раководството на клубот да му го донесат Перишиќ.
Перишиќ постигнал согласност за двегодишен договор со Тотнем. Во текот на следната недела тој треба да пристигне во Лондон на медицински прегледи.